Има една поговорка која верувам повеќето ја знаат:
Подобро да си долу и да посакуваш да си горе од колку да си горе и да молиш за долу!!Ама не е секогаш така.
На првиот састезателен ден од Slovenia Open 2009 предвиден е развој на високи облаци. Прозорот е отворен на 1.5 час пред првиот маркер кој е на 3км западно од стартот. Пилотите се местат во ред и набрзо 10тина од нив се во воздух и брзо набираат до базата. Во меѓувреме на исток од нас прилично брзо се развива доста темен облак и пред да дојде мојот ред за полетување се слуша и првиот гром. Пред мене е само Rob Leeden од Холандија кој се откажува и се повлекува ослободувајќи го стартот за мене. Облакот е веќе голем и темен, ивицата е веќе над нас и грми. Ситуацијата изгледа опасно и верувам дека многу би се откажале од полетување. Јас одлучувам да стартувам (каде е подобро?).
Првата термика ја наоѓам многу брзо. Стабилно кревање во почетокот со 2-3м/с кое набрзо поминува во 9+м/с. Термиката е јака, не е значително турбулентна и ја летам со малку додадена скорост. За кратко време сум на околу 1000м над стартот од каде заминувам западно кај останатите да го чекаме маркерот кој сега треба да се отвори за 20тина минути. На запад небото е плаво со убави кумулуси, а на исток е мрак и веќе врни силен дожд. На 10мин пред маркерот ја гледам и првата молња (lightning) како удира негде помеѓу мене и стартот. Групата е нервозана зашто облакот ни се доближува. На запад е безбедно ама има уште 7-8 мин до маркерот. Чекаме
На 5 мин пред маркерот задачата е прекината но повеќето од нас немаат станици, а крстот кој треба да го направат на слетувањето едноставно неможат зашто долу дува Gust Front со 60-70км/ч. Сепак е јасно зашто некои го напуштаат јатото и заминуваат на запад, а некој на слетување. (каде е подобро?)
Јас заминав на запад и летав околу 3 саати, а локалците ги искористија екстра високите бази и направија прелет до Триглав и назад.
И после све, кој го извлече подебелиот крај?
Тие што останаа на старт мораа да се справат со јак ветар, грмотевици, дожд и град.
Тие што беа во воздух беа во многу подобра положба и можност за избор.
А тие што решија да одат на слетување по откажувањето на старот ја направија најголемата грашка и се доведоа себеси во многу опасна ситуација. Најлошо помина Регина Глас која затекната од gustovite (јаки турбулентни ветрови) од облакот кацна многу грубо и не леташе повеќе на тоа састезание. За среќа немаше скршеници.
Тие што продолжија на запад без наградени со убави услови за летање.
Значи како се носат вистинските одлуки?