Навистина времето не беше на наша страна. Дожд, студ и град од еден голем КумулоНимбус кој убаво не наврна. Јас бев "вир вода", воден до гашти (буквално) кои морав да ги слечам како би се заштитил од студот. Чичо Јанчо ми го чуваше задникот од голема група параглајдеристи хехехехех. За среќа ја заштитив сбрујата во која имав сухи дрехи. Обично носам голема пластична вреќа за ѓубре (боклук) во сбрујата која не зема многу место, а одлично се наоѓа кога вали а нема каде да ја заслониш.
Покрај неуспешното састезание, имав прилика се запознам со останатите делтапланеристи (сегашни и идни) што за мене преставува најголема награда.
Морам да се заблагодарам на Митака кој се покажа како голем домаќин и овозможи да летаме од Витоша.
Се надевам дека нема повторно да чекаме 8 години за повторно да се собереме и да летаме заедно.